И овде можеме да повлечеме аналогија со вербална игра во која крај зборот коло може да се стави симболот +- за да прецизира дека станува збор за струјно коло.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Стрелите на „Амор“ овде можат да се купат за секакви пари.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Холандија е земја на Филипс, на производители на компјутери и на други современи електронски машини, земја со механизирано земјоделство, земја на индустрија, на мориња, овде единствено се „краде“ земјата од морето и само овде може да се оди под нивото на морето.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
По улиците ви нудат јадења и специјалитети од тесто, кои само овде можат да се сретнат.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Овде може да се напише цел роман, си рече.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Патрокле мисли: „За права бога овде може да се загине!“
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Рибарот знаеше, иако со мало искуство во други краишта, дека човекот од друга средина станува веднаш посебен во новата: ако таму бил зол, овде е интересен, ако таму бил добар и наивен, овде е под сомнение, ако таму бил изложен на подбив, овде е прифатен како знамение: и дека најпосле, дури и посебноста во неговата средина овде може да важи за нормална појава.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
„д.в.а“ Во својот особено вреден труд за траумата, психологот Robert Jay Lifton го идентификува преживеаниот како „оној што ја сретнал, бил изложен или бил сведок на смрт и успеал да преживее“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Смртта овде може да биде сфатена литерарно како стварно исчезнување на животот, психолошки како уништување на смислата на Себството, или еколошки како при природните несреќи.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Кој кому овде може да дава часови по лудило?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
КИРО: Не може никаде, а овде. Овде може сѐ. Не се мешај тука, тетка Султано. Не разбираш.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
И двете поединости (и тронот и масата а овде можеше да се вклучи и писателот) си пречеа еден на друг, но не бев сигурен што може да се стори.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Татко чувствуваше дека ќе може да му ја довери на овој град судбината на своето семејство, посебно на неговите деца кои овде можеа да учат во добри училишта, а со надеж дека, еден ден, ќе се кренат и границите што го делеа од неговиот народ.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)