Овде поминале за првпат, во февруари 1943 година. Во Февруарскиот поход, знаеш.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
На моменти се чувствував како да глумам во некоја театарска претстава и сите овде поминуваат за да ме видат мене.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Ѓорче се замисли и долго ги слуша грмежите од бомбите. Му се стори дури дека го гледа и чадот од нив во гората под Добро Поле.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Ќе ги најдеме и ние нели ги најде Бахтијар, — му проговори Иге на Ѓорчета: — Тие што ќе останат живи знаат дека овдека поминаа потерите и ќе ја прејдат Црна ноќеска, ќе не побараат нас.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)