овде (прил.) - сме (гл.)

Мачно е, но овде сме дошле за печалба.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Ние овде сме Срби, а што сте вие таму не знаеме, - рече Љаке.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„Ајде“, реков, „оставете ја таа работа. Овде сме да се видиме како стари пријатели, да видиме кој со што можеме да си помогнеме...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Овде сме сигурни! - рече Долгиот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Вие сте космос, како и јас, ние овде сме четири космоси. А милиони други се околу нас.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
„Билмези нѐ раководат, ете, тоа е проблемот“, рекол малку подоцна тој умен капетан, а потоа додал, „се разбира, и помеѓу нив, помеѓу највисоките чинови има и предавници“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Ние изгубивме врска со командата. Овде сме од вчера“, признал капетанот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тамо ќе да сме живи во вечнија и безконечнија веки, а овде сме сургун.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
И овде сме над стотина години.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Концептот на индивидуи со право на избор и идентитет делува сосема лудо, ужасен кошмар - не само за авторитарните бирократи, туку и за здраворазумските либерали.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А овде сме ние - безвредните смртници, робувајќи наоколу, овде долу, во евтино изнајмените живеалишта.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)