Џабе сте крстени, почнете да верувате, кон спасот вратете се, овде историја посетивте.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Минатото е ниска од за’рѓани алки
потресни собитија
единствени по своите
димензии, па и тежест
како на пример –
масовни ослепувања
оргии во знак на освета
погроми, пожари, помори
земјотреси, ерупции
покрстувања, исламизација
елинизација
царство на конверзиите
на озаконети незаконитости
родоскверности, чедоморства
завери и трагикомични
сценарија,
сѐ на сѐ
ОВДЕ
историјата е
горопадна
гротеска …
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Може слободно да се рече дека сѐ што овде историјата, во своите чести брутални бранови, заматуваше во водите и душите на луѓето, во победите и падовите на империите, во налетот и манипулациите на идеологиите и неизвесноста на конверзиите, Езерото со својата магично обновлива чистота разбиструваше, ја осветлуваше надежта и во најмрачните времиња...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Вистина е дека ние не видовме на Балканот многу аир од минатото, но овде историјата беше најнемилосрдна на континентот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се вели дека е проклет Балканот затоа што овде историјата продолжува во лавиринт!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)