Не сум сигурен што ја доведе овде неговата љубопитност; дали да ја потврди или да ја одрече ускратената надеж за луѓето, што ја спомна мајка ми, а за која токму тој беше најобвинуваниот?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Но и овде неговата мисионерска дејност била прекината поради протестите на Евреите по што морал да ја напушти Бероја, а ги оставил своите придружници Тимотеј и Сила.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Со Осман Окијар, кој во детството учел во славното париско училиште Жансон Де Саји, додека овде неговиот татко беше амбасадор на Турција и потоа студирал и докторирал на Кембриџ од областа на економските науки, на тема за реформите на Танзиматот, ме поврза големо, нераскинливо пријателство кое траеше се до последните денови од неговиот живот, минати кај сестра си, на азискиот брег на Истанбул, во Искидар.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)