овде (прил.) - или (сврз.)

Да останевте и вие овде или друго ќе имавте во главата или ќе ви ја немаше.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Што сторивме! – велам, ама не знам дали ова овде или она таму го вели тоа.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Господи, мислеше, господи единствен. Врати ме в живот и прати го тој Отец Симеон овде или во пеколот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Реков, ги палеше слушателите со поединости за настани што се случувале овде или онде, на познатите места за сите, во околината.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Па така, додека едни се среќни затоа што, ете, некој се грижи за нив, другите ги мотаат во устата, ги џвакаат, па ги плукаат, и, како по правило, секогаш ги чуваат за доказ на некаков заговор што се кова околу нив и во кој е замешана владата, некој од власта и некој претседател, од актуелните кои владеат овде или од некоја друга земја.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но, сигурен сум дека кога ти би била овде или јас таму, би биле најдобри пријатели.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Голема, мала моја, не лути се што вака ти се обраќам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Изложбата што ја спомнуваш беше начин да се одлучи: остануваш овде или не.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И ги подавал рацете кон првиот ден на својата младост, барал 'ржени ниви Лозан Перуника.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Жолчно надојдената ноќ од сите јами и од сите рани на животот го демнела на секој чекор со соништа што ги заборавил ослободувајќи се од треската и го присилувала да се движи со крадечка претпазливост помеѓу двоколките на кои, овде или онде, веќе спиеле неколцина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
НЕДА: Ќе појадете ли овде или во кујната?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Со нас овде или со нашите таму? – праша уплашено Мајка. – Што се случува?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)