Тоа прво, второ: Јована Дамчески, зашто не беше христијанин и Турчин, го закопаа надвор од гробиштата, тука, на Бел Камен, и оттогаш Бел Каменсе вика уште и Јованов Гроб и Турчинов Гроб, а Видана и Ристана, дека беа христијани, ги закопаа, со поп, на гробиштата, и трето, првата, Јовановата и Росината приказна, се случила многу одамна пред триста, четиристотини години, кога Потковицата ја имаа завојувано и ја владееја Турците, а вторава, оваа со Видана, и сѐ што е во врска со неа, започна во Првното србско, во 1912 година, а заврши во Ворото бугарско, во 1943-та...
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ја бранеа добро границата, излегуваа на крај со италијанските напади во таа рана пролет, што опснежуваше, се гонеа по спиндилиите на Албанската граница во тој април, но наеднаш станаа свесни дека веднаш во нивниот тил се веќе германските тенкови и дека тие продолжувале сето време да бранат една земја, која била прегазена одамна пред тоа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)