Тие одвај ме дочекаа да се вратам од Лондон и сега постојано ми префрлаат што пак ќе си одам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Лели јас тогај се ошумоглавив и Велко ме фати, та одвај ме пушти?“
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Мојата чинија до крај остана полна, но татко ми беше толку зафатен со тоа да ги нахрани и напие гостите, што одвај ме забележуваше мене, и тоа дали јадам или не, и како се чувствувам.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Велат дека им е преку глава од тоа мое Маврово.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)