Се најде одеднаш опколен од покриви, како среде мртви заледени бранови.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Беше сам на покривот, еден човек меѓу патинираните обезбоени пирамиди од покриви, посипани со исушен хумус по керамидите, еден осамен човек застанат над куќата и над улицата од која, одоздола идеше мирис на лесно живнување по пладневната замрсеност на плочниците, усвитени од пекот на јулското сонце, кое сега се кршеше зад аглите од повисоките куќи на работ од градот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Од тука, од високиот покрив на шесткатницата, се гледаше далеку и пред погледот се откриваше еден голем дел од градот - купишта расфрлани покриви со ретки процепи од улиците под нив, со грдите опачини од куќните фасади и безредно нафрлани тераси и балкони и посивени ѕидови што свршуваат некаде долу, во дворовите исто така полни со неред.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)