Одеднаш му станува јасно дека му е сеедно што ќе покажат анализите, дека му е сѐ едно што и како пропуштил, дека му е сѐ едно што и овој, последен пат, нема да пречекори во финалето.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Одеднаш му е незгодно дека така широко се испружил, па си се чини самиот пораснат. Станува и се истресува од земјата.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Одеднаш му се јавува објаснението: тој слушал дека некои млади се ставувале по лозјата, имало дури случај да ги фатат. Таков е сега светот.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Одеднаш му се свртува на машкото, го фаќа под брада, го гали:
- Теткин, теткин, мил, мил.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
И сега одеднаш му зазборуваа многумина натпревар.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Та јас сам можев река од крв да пуштам да тече по Балканот, - рече тој и при тоа одеднаш му набрекна вратот, ја крена главата и јас се најдов лице в лице со лик на страотен јунак од сказните. Наши.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Лицето одеднаш му се збрчка и на него се појави таа ужасна тага.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Шмркна уште еднаш додека чувствуваше како од болките во зглобовите во него се раѓа онаа негова добропозната нетрпеливост – секогаш истото чувство на неконтролирана лутина што одеднаш му извира однекаде и почнува да му пулсира низ вените.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Пред само неколку мига мислеше дека добро знае што ќе напише.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Така и сега го потпритисна перото меѓу прстите во исчекување, загледан во првите зборови што ги нашиша: ’Вие, Македонци, сте повикани да му припаднете нему, зашто вие сте му мили на Бога...’ Во студенилото на зимата околу него, срцето одеднаш му затрепери од споменот на една далечна топлина...
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Почна да се подместува во сепарето, а тој забележа дека над горната усна почнаа да му се собираат капки пот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Раката му запре, оти мислата одеднаш му се испразни како што се празни дупната мешина.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
На братучедот одеднаш му стана непријатно.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Неизвесноста дека бараната врска ќе ја најде на авторот одеднаш му се виде поголема и се почувствува непријатно, некако очаен.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
И му се радував: тоа што до скоро му беше најважно - да влезе маестрално и да излезе кукавички без да се заврти, како секогаш до сега, а за тоа го сакам само јас, дека ми е другар, одеднаш му стана бедно.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
А еве што се одиграваше во душата на малиот водоносец: После вечерниот разговор со старецот и сонот што го сони ноќта, во него како да се скрши нешто, одеднаш му се откри пред очите што станува околу него и каков подвиг означува борбата со блатото – она подводно чудовиште што го виде на сон.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
И ете, јас, како што гледаш, со добро ти велам дека те бара, а зошто, изгледа само тој знае.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Море, да не е шофер на другарите, на што ќе те барав, - рече налутено и со дланката се удри по внатрешниот дел на лактот така што раката одеднаш му се подигна и кога се најде до носот, Кузе ги стегна прстите во тупаница.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)