Простор-око
За сето време додека се мислам
како да ги опишам
претходниците на зборот – аватарите
неподатни, а плотни
за сето време неправедно што ми е
дадено одеднаш за сѐ
просторот се упатува накај мене
и опфаќа сѐ како катаклизма
- тој да има каде, јас да немам.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)