одново (прил.) - го (зам.)

Во мене сѐ се повторува безброј пати, и сѐ ми е познато, а сепак одново го одвиткувам она што сум го завиткал или самото се завиткало, стегнатото во кубиците камења во еден цилиндар кој само еднаш болсна на дното и пак згасна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тие го претставуваат неговиот неуспешен обид да се издигне над општествените, културни и политички прилики коишто секогаш одново го осакатуваат и понижуваат.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Сè што себеси се држи за пристојно, сигурно, солидно, сите што во очите на публиката сакаат да остават впечаток на сериозност и сигурност во контраст спрема хаотичното лудило што нè опкружува, сето тоа или по некоја чудна саморазбирливост отсекогаш и се наоѓа во тоа општествено средиште или пак истуркувајќи ги другите од него непрекинато одново го зазема тоа недискутабилно место.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Кога го правиме тоа ние, не само што одново го стекнуваме знаењето за вечната информација туку и стануваме бесмртни (иако во библиотечното значење на зборот).
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Како оној гротескен идеал на примитивната народна педагогија - „држи се до златната средина“ - кој не само што ја осигуруваше репродукцијата на социјалниот конформизам туку секогаш одново го откриваше и количеството страв што го следеше секој акт на социјализација на поединецот, да станал општоважечко регулативно начело за сите протагонисти на општествената стварност.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Максимилијан Мертен помислува, дали тоа Мајснер, неговото второ јас, сега одново го сонува него.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Квалитетните подготовки беа негови, негови беа решенијата и продуктивните полнења на воената каса.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Одново го воодушевува глетката на непрегледното море и уште еднаш ја потврдува неговата непоколеблива вера во Бога.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Елеазар бен Цви одново го вперува погледот во историскиот филм што го проектира во себе.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сликата на Пармиџанино секогаш одново го покажува точниот маниристички фенотип, иако поради својата „загадочност“ можела да дојде и од работилницата на Леонардо, тоа сепак е слика во која еден разблажен светоглед, доживеан во пренежната младост, се покажува во сета резигнација.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Мајка одново го почувствува стариот Татков порив да замине некаде.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Бојан одново го префрли јаженцето преку вратот на Кротка.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И одново го осудил Христоса да умре.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Одново го напуштам овој двор Со рака на усните за да не се чуе Што сакав да ѝ шепнам на мајка ми Некогаш на разделување, Некогаш кога цутеа црешите.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Одново сега го гледам тоа стебло, се смалило, изгорело, се исушило и колку подолго се загледувам така одново го слушам тој познат глас што ги исцелува душите и од кој зацрвенуваат плодовите.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
…Кога месечевиот срп зелен меѓу пурпурното руменило завидливо се прикрадува – непријател на денот, со секој свој чекор потајно ги коси ружите, Ги коси сѐ дури не паднат, бледи, во сенката на ноќта: така паднав и јас самиот некогаш, од лудилото мое по вистината, од безумните мои копнежи по големиот ден, уморен од денот, болен од светлината, - паднав долу, во самрак, во сенка, од вистина Еднаш согорен и жеден за неа - се сеќаваш ли уште, се сеќаваш, пламено срце, како некогаш жедно беше?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го молев, сѐ до оној ден кога ми кажа дека кај нив ќе се всели Мина, сестрата на неговата сопруга.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Не плачи, Фридрих… Не плачи,” му вели, а потоа одново го фаќа за рака, и го поведува натаму по паркот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сепак, секогаш кога барем за миг останувавме насамо, а ретко кога останувавме насамо повеќе од неколку мига, јас одново го молев да ми дозволи да живеам во неговиот дом.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бог ме задолжи да му служам и секој ден одново го слушам неговиот глас кој ми вели – стани, оди, зборувај!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
По сето ова, во Подковицата многу гласови се раширија за Јована Акиноски.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од срецелото натаму на југ патот одново го поприма својот поранешен изглед, повторно станува широк колку да можат да се разминат две воловски коли натоварени со снопје или со сено, или булук овци, кревајќи по себе пепелници.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Јончета Ризески Штетата го вратија на земјата на татко му Ангелета Ризески Козето и одново го направија прост селанец, Ордана го отераа на некоја мала станичка во Србија; само Крстета го оставија тука, но да не биде чувар на пругата, како порано, туку го натераа да биде прост работник во десетината на новиот десетар, Дано Плетварчето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Можеби тоа беше давање одушка од макотрпната работа, можеби беше терање инает во војните, со реквизициите, со даночниците и чифликсајбиите, но жителите на Потковицата, со вкоренет оптимизам на луѓе прикрепени за земјата, односно со докрај изјаснета свест дека таа, мајчичката земја, раѓајќи одново и одново го обновува својот и нивниот живот, односно дека освен неа и нив ништо друго и никој друг не е вечен, на сѐ во врска со жетвата му дава одреден празничен призвук.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И одново го врти, го стега чепот. Таа го врти чепот, а мене ми се врти во главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Одново го зазборувам, го завлекувам од молчењето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А сега да помислиме на војнава, вели, дали уште за долго ќе трае, вели, и одново го пали конецот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потоа ја преврте со поставата горе и одново заниша, одново го турна капачето со генералот, залепено со хартија и, откако си го наполни носот со тутун, ја затвори, ја скри табакерата и најпосле рече: - Не, не може да се поправи: за никаде е облекава!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сега одново го извадија од гробот, го извадија капакот, го открија ковчегот и видоа како на Аврам му игра јаболкцето во грлото, како поголтнува тешко, сиот пребледен. Стана, излезе од ковчегот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Секој сон одново го фалсификува светот - или (помалку лажливо:) понекој сон сумира, понекој го отстранува она пробдеаното.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Замолча и за миг одново го доби изгледот на учител кој испрашува ученик што ветува: „Како еден човек ја воспоставува својата власт над друг, Винстоне?“ Винстон размислуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Чувството на беспомошност одново го обзеде.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Одново го обзеде црна паника.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од студот повторно се разболе Илко: одново го зафатија поранешните трески: ту се тресеше од студ, ту гореше од оган.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но гледајќи ја војската која ги имаше запоседнато положаите над селото, гледајќи ги војниците кои се врмзлаа низ селото, коморите со јадење и оружје што врвеа низ селото, нивните повремени вежби, одново му затреперија оние со мака залечени нерви, одново му навреа сликите од фронтот, одново го заплусна бранот на сеќавањето: зафати да го витла, да го бреца, да го крши, исполнувајќи го со ужас и зафрлувајќи го да паѓа, да се тркала, да вика.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но бидејќи одново го споменувате, ќе ви речам дека тоа што го викате ”игра” е релативна работа...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Неверните камења што му пукаа, ги оставаше настрана, и по неколку дена им навраќаше; ќе ги разделеше по пукнатината и секое парче одново го обработуваше прилагодувајќи го за некоја друга намена; ни еден заделкан камен не го оставаше така, зашто знаеше; секое камче, па и најмало, е важно и ќе си најде свое место кога ќе се преработи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Потоа ни рекоа да одиме на другата страна на шумата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Денес ние водиме крвава борба, - почна мирно и се така околу борбата го возеше зборот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И знаеш, дедо Пандо, кога, така потпрен на автоматот во влажната земјанка, одново го гледав сето она што го видов и го доживеав во Оровник, сфатив дека сум сирак.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Колку години имаш?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Денес тоа одново го открива­ме.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Пе... пе... – одново го храбри мајка му, а тој зинал во неа за да ѝ ги погоди мислите.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
„Бати го овој живот“, велеа луѓето, „што сѐ одново и одново го почнуваш“. „Сатаната дојде - не зима...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Несреќите се за луѓето“, им велеше слепиот Тимон.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Следниот ден изјави дека не сака да живее со такво неблагодарно ѓубре туку со својата верна пријателка во домот "Златна роза".
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Од шолјата се слушаше само „клок-клок-клок“ помешано со шиктењето на водата што одново го полнеше казанчето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Додека солунските динамитари со гордост му покажуваа на светот дека Македонецот знае да умира, ние одново го чувме целиот угледен печат, сите најголеми министри и политички луге како во еден глас викаат дека со своето безумие и жестоко однесување овие разбојници засекогаш ја дискредитираа својата македонска кауза.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
А мојот прстен што ѝ го купив од Охрид кога бев на летување?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Неизоставно така прави и секогаш одново го разгледува со љубов и внимание.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)