Веќе се дени, а јас неброено пати  од постелата до прозорецот,  и одново до постелата и одново до  прозорецот, сѐ дури сам себеси  не се фатиш за гуша  и не се обзираш што крикнуваш:  твојот крик како секавица  ја преполовува ноќта и ти  којзнае по кој пат осознаваш  дека без себеси не се може.
               
             
           
            
            
              „Две тишини“
               од Анте Поповски 
              (2003)