Заминување
-пасија-
Веќе немаат број деновите:
веќе со години се мислам
дека морам еднаш
одовде да одам и принудена,
„за последен пат да ја поздравам
Александрија која се губи“.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ако лажам, вели, одовде да не се поместам, место да не ми најде душата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)