околу (прил.) - десет (бр.)

Тој брзаше со смрзнати раце и со насолзени очи кога ја здогледа на околу десет метри од себе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За тоа време сменив околу десет работни места и пет живеалишта.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Искршив околу десет. Толку ми трепереа рацете, што повеќе кршев отколку што ги миев.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Беше околу десет и пол или единаесет саатот, така нешто. Езерото џам мазно.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Негде, околу десет, свратив на едно пиво кај Ило Битолчанецот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На една од превртените гајби седеше изгледа уште од вчера, а можеби и од создавањето на светот лично тој, пријателот Господ Саздов.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Трошоците во судската постапка – која, и пред првостепениот и пред второстепениот суд, траеше околу десет месеци, изнесуваа 42.486 МКД т.е. околу 670 ЕУР (вкупно за сите тројца тужители), а работодавачот се стекна со обврска да го надомести плус и овој износ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во текот на овој четиримесечен период, додека парницата беше во тек, работодавачот на Костадиновска „доброволно“ ѝ ги исплати заостанатите седум плати, па затоа ова побарување беше изоставено т.е. повлечено од тужбениот петитум. 275
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во јуни 2006 година судијата-претседател на совет (Ѓ. Христовски) и судиите- поротници (К. Христова и В. Петровска),5 го усвоија тужбеното барање, при што работодавачот беше задолжен – во рок од осум дена од приемот на писмената пресуда, да ѝ исплати: а) 40.458 МКД (665 ЕУР)на име испратнина, со камата сметано од октомври 2005, па сѐ до денот на конечната исплата; и б) 2.980 МКД (под 50 ЕУР) на име плата за месец октомври 2005, без камата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)