околу (прил.) - кој (зам.)

На сцената се покажа: долга дрвена маса, околу која беа наседнале седум осум селани, еден граѓанец и едно младо попче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тие стоеја во неговата свест неповрзано, како слики околу кои владее мрак.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И пак како онаа бубачка со многу очи виде сѐ што беше околу него - облак, сив и гол полжав, се прикрадува кон високите покриви на трите нови и бели источни згради и некаква матна посребреност на далечните грбави планини, брзи гулаби, згуснати во својот лет над камените ребра на мостот, околу кој се плеткаше лута и матна вода.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тоа во основа е една темна материја, честички на оние душевни сензации што се простираат и движат во огромниот простор помеѓу тагата и очајот; тоа се честички што се јавуваат во улога на невидливи оски околу кои времето на творечката индивидуа ја прави својата голема револуција, постојано кружејќи од детството до денес и од денес до детството.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ќе попораснеш малку од нивно бувтање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лозан Перуника се разбудувал со чувство на доаѓање од свој вилает на кратко спокојство во туѓ атар, од возвишеност во свет на диви мириси и заканувачки гласови околу кои се протега на дива површина многубоен мов со змиолики пипала што се појат со супстанци на сѐ што дише и го одржуваат стравотниот живот врз туѓо уништување.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во меѓувреме, расправата на масата продолжува како грмеж околу громобран, при што самомнителниот артист грми со својот глас (тој го вика „орган”) како Илија Громовник околу кој прскотат искри ако не секавици.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Еве ти уште еден пример. Си видел ли некогаш месечина околу која се протега кружно виножито, кружен спектар од бои во различни слоеви светлина?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)