„Се трудам околу тебе Винстоне“, рече тој, „затоа што ти вредиш да се трудам.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Насади ги под прав агол, без агломер, со добра волја и, ако ги негуваш по правилата на геометријата, секогаш ќе можеш да им го пресметаш периметарот за да бидеш внатре во него, зашто го знаеш дијаметарот на рачињата што гушкаат и ноџињата што цупкаат околу тебе.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Има денови кога луѓето околу тебе, оние што можеш да ги видиш, да ги перципираш, се обременети со иста мисла.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Во миговите кога ја дочитував збирката песни на еден провансалски поет, запомнувајќи ги стиховите – во Арл кога сенката поруменува, под ружите и свети времето, внимавај на благоста околу тебе – вниманието ми го привлече текстот „Папата Јован Павле II ја осветува Катедралата во Скадар”, во отворениот дневник Ле Монд, од 23 април 1993 година.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
- Тие што живеат околу тебе, секако знаат. - Кои, кои?
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Ако се поспиеш со мирисливиот парфем на сопствената среќа, тој мирис ќе можеш да го пренесеш и врз другите околу тебе.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)