Геј-луѓето, онака решени да се интегрираат во поширокото општество и да си ја покажат суштинската нормалност, брзаат да ги прифатат хетеросексуалните облици на живеење, вклучително и хетеросексуалните норми.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И се разбира дека ослободувањето на геј-луѓето од општественото угнетување, како и растурањето на некогаш универзалниот консензус за темелната патологија на хомосексуалноста, кои служеа да го оправдаат тоа угнетување, претставуваат апсолутно значајни многу обемни и неверојатно брзи промени, за чие значење не може да се претера.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не само што меѓу нас излегле од мода геј-верзиите на радикалната политика, на радикалниот секс и на радикалните животни стилови, туку геј-луѓето изгледа одново ја откриваат и ја промовираат супериорноста на хетеросексуалните општествени облици, вклучително и фрапантно архаичните форми (како венчалните огласи во друштвените рубрики на локалните весници) кои ги напуштаат дури и самите хетеросексуалци.455 Се трудиме да ги победиме хетеросексуалците на нивни терен.
Повеќе нормалност, изгледа, веќе не ги задоволува асимилациски настроените геј-луѓе.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Па сепак, геј-ослободувањето и од понеодамна, движењето за геј-правата не ја поништиле општествената и идеолошката доминантност на хетеросексуалноста, иако хегемонијата ѝ ја направија малку понесигурна и не толку целосна.
Наместо тоа, изгледа дека се случува спротивното.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Всушност, геј-движењето (како што тврди Дејвид Алдерсон) можеби е единственото прогресивно општествено движење од 1960-тите кое надмогнало, кое си го консолидирало успехот и кое остварило некои од своите најнеизгледни цели (како што е геј-бракот) – и покрај подемот и, најпосле, победата на Новата десница во изминативе триесет и пет години.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)