Дине, онака сув, коскест, повисок од другите, црн како црниот ден, како црната кал долу, ја врти главата лево десно чиниш сега сосема си доаѓа на себе, како да се разбудува од некој долг сон што никако да го напушти па не знае дали ова е нешто ново во неговиот живот или оваа слика е стара и сега само му се повторува!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Тој беше повисок од таа здиплена наполно старичка, онака сува и вдовички свитката у две губи, таа појде кај Башмајсторот, нешто зборуваше таму, Башмајсторот само климна неколку пати со главата, загледан во орото, а Змејко тогаш можеше да го чуе оној глас на старичката, тој глас од тажаленките во летните приквечерини, кога рече таа: „Чувај ми го, мајке, добро.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)