Тие стигаа прободени, никогаш живи; нивните тела составени од мали прстени бакарна     прашина којашто јас во мракот на долниот кат воопшто не можев да ја видам; а биле     мртви и превртени на грб кога се материјализираа, бидејќи токму во тој момент нашата     мачка, и самата темна, невидлива, ќе скокнеше и ги спојуваше шепите околу вистинската     душа на бубачките: душа толку статична и снажна, толку бесмртно уредена, чувствував,     лежејќи како школка превртена наопачки, терајќи ги мислите, исто онолку мрачна како     душата на самиот свет - и токму од тоа прекрасно и застрашувачко чувство што конечно     ме обземаше, изигрувајќи господар на моите соништа, се втренчив како да сум просец     крај својот маж.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА  бр. 35“
              
              (1997)