Но, во конкретниов случај всушност – според оценка на судот – станува збор за консензуален Договор за здружување заради заедничко остварување и поделба на извесна имотна корист, односно материјална заработувачка па посоодветен термин од „ортак“ се чини дека би бил „заедничар“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако содружниците, односно ак- ционерите не назначиле ликвидатор и ако со овој закон е определено дека судот спроведува ликвидација на друштво по сила на закон, судот го назначува ликвидаторот (чл. 540, ст.1).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
4. Договорот за заедница или „ортаклак“ е регулиран во нашиот ЗОО/93 (чл. 667 – чл. 703). Со овој писмен договор, две или повеќе лица [„ортаци“] заемно се обврзуваат да го здружат својот имот и труд или дел од нив заради заедничко остварување имотна ко- рист – во вид на добивка / профит – и нејзина поделба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)