Овој спектакал особено се надополнува со помпезниот изглед на нивните униформи.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ова особено се гледа во експлицитната белетристика за геј-мажот што се појавила по Втората светска војна на обете страни од Атлантикот: Градот и столбот (The City and the Pillar) од Гор Видал (1948), Срцето во егзил (The Heart in Exile) од Родни Гарланд (1953), Собата на Џовани (Giovanni’s Room) од Џејмс Болдвин (1956) и Возарот (The Charioteer) од Мери Рено, а да не ги ни спомнувам сите нејзини грчки романси.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
8 Во овој транзициски период, преку измените на ЗРО – кој, како основен закон (lex fundamentalis), ја игра улогата на своевиден „работнички устав“, работничките права особено се влошија во следниве сегменти: драстично се намалија правата на работниците кои се прогласени за „технолошки вишок“; воведен е отказ без отказен рок; значително е отежнато остварувањето на правото на штрајк; намален е законски гарантираниот годишен одмор; овозможено е, преку дефинирањето на работното време, работникот да биде натеран да извршува какви било работни задачи, а не само оние кои се соодветни на неговото работно место и квалификации; а временскиот период за работа на определено време беше продолжен од една, дури на пет години.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
147. Кралот и царот на средновековна Србија Стефан Душан (1308-1355) мошне често е предмет на размислувањата на Мисирков, при што особено се нагласува посебниот однос на царов спрема Волкашина.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во изборот, молчаливо, студентот пројави критичен однос спрема вкусот на својот постар колега, зашто посочи сосем други работи од тие пред кои овој особено се задржуваше.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
„Можев да изберам дваесет предмети на час“, истакнуваше Дишан, „но тоа би завршило со нивното зближување, а тоа не го сакав. Луѓето сигурно на крајот ја наоѓаат сличноста“.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Меѓу многуте „претставници“ на божјаците од прозата на Ренџов, се паметат ликовите на Сане Сандин од Човекот што го немаше во законот, Ефрем Ефремов од Сенка, Невена, Ристосија и Кијмет од истоимените раскази, Мише Сечко, гулабарот од Светиот дух и др., но меѓу сите нив по својата уметничка впечатливост особено се истакнуваат Сане Сандин, Невена и Кијмет.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Како пластичен облик на индиференција, редимејд-от е парадигма за дефенестрацијата на Уметноста (со голема почетна буква), и на типот на вообразен уметник од 19-от век, а ова последното особено се однесува на Дишан.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)