Покрај целата тежава и грижа, Крсте не престануваше со особено задоволство да се потсетува на пријатните моменти од учењето покрај Стојана и Нешка Рожденката.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И светијата ќе го има во раката, пак, нека биде живо. — ја тешеше Стале со особено задоволство оти и таа работа успешно ја сврши.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Понекогаш знаеше и да нѐ насамари. Тоа му причинуваше особено задоволство, но ние не му се лутевме.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
НАЦА: Пополека стапнувај, немој како амал со двесте оки товар на грб.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Затоа, скриено, со лукаво притворство и в очи му се смее, а зад грб нескриено го исмева и го карикира, наоѓајќи во тоа особено задоволство, некаква одмазда за сѐ што трпи од него.) Е, жено, ем бргу, ем полека!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Испраќањето на докторската теза на сестра ми имаше за непредвидлива последица да дознаам дека е секогаш присутна крај вас што ме исполнува со особено задоволство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Го нишаше стројното тело да се шират димините и да тропаат токите на елечето. Co особено задоволство и го покажа ѓерданот на гушата, белегзиите и прстењето на рацете и почна да ја кандисува и таа како Ајша: – Потурчи се, будала, за две-три години кадијата ќе биде само твој и се што ќе посакаш, ќе ти купи и ќе ти донесе.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Можеби си мислам јас, но таквата правичност мене не ми прави особено задоволство.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Тој со особено задоволство нè прими и рече дека ние сме први млади екологисти кои дошле со него да разговараат за вакви сериозни проблеми - како што е здрава вода за пиење и чиста работна средина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)