Барањето содржи: – податоци за подносителот на барањето и правниот застапник, – податоци за предметот и постапката за која странката смета дека ја сторила повредата на правото за судење во разумен рок, – образложение на причините за наводно сторената повреда на правото за судење во разумен рок; – изјава за побарување на правичен надомест и – потпис на подносителот на барањето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Врховниот суд на РМ постапува по барањето кое ги исполнува критериумите во рок од шест месеца од неговото поднесување и одлучува дали по- нискиот суд го повредил правото за судење во разумен рок, притоа имајќи ги предвид правилата и принципите утврдени со Европската конвенција за човекови права и основни слободи, а особено сложеноста на предметот, однесувањето на странките во постапката и однесувањето на судот кој постапувал.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)