остро (прил.) - ме (зам.)

Остро ме навредува. Мисли дека сум вампир испратен од пеколот за да го уништи, и во таа мисла ужива.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Мајка му на Дино беше преграмадна за да може да застане меѓу ѕидот и каучот и да ја извлече мачката, а кога станав јас да видам дали некако можам да помогнам, остро ме погледна, па си се вратив на столчето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Е, што се случи? Те гребна мачката, голема работа, - одвраќаше тој на моите жалби.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Остро ме погледна и ми рече: - А бе, тебе ич, ама ич, не ти иде умот?!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Нешто студено и остро ме погоди по лице.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Што се однесува до индуктивниот поглед врз светот на разнообразните нешта, кој татко ми, како што реков, ми го всади порано и подобро од сите професори – него го користам често, некогаш и не сакајќи - на пример, кога минувам по улици и ...уште една згазена мачка од синоќа – малолетните камиказе возачи станаа сообраќаен терор – нормално кога улиците се претесни – урбанистите пред десетина години не мислеа дека градот сосе сообраќајот толку ќе нарасне – метро?, но подземјето на градот е преполно со цевки и жици...итн. или...во центарот на градот, во паркчето меѓу градските кули, додека мирно си седам на клупата, нешто остро ме пецнува по левата нога – од некој кат, од некоја од околните висококатници, некое дете пукало со воздушна пушка во мене – децата некогаш гаѓаа врапчиња, а сега луѓе – нормално, сѐ подоцна легнуваат, сѐ подолго го преспиваат денот, а кога ќе се разбудат, се нервозни и лути – а што ако наместо во нога ме погодеа во око, кој ќе ми помогнеше? – зошто ниедна влада во оваа држава не го регулира ноќе времето до кога малолетниците можат да останат во кафулиња – итн...итн...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- А.А. остро ме прекори со погледот и рече: - Предалеку отиде.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)