Апла, отворено ќе му речиш оти не го тераш Анѓа да а земе, ами ако сака да се жени пак со неа, со Рожденката, ќе го прибериш.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Можеби тоа беше утеха која го редуцираше целиот свет, го сведе на една точка; можеби тоа беше психолошки механизам со кој мојата машка повредена суета се бранеше од реалноста; но можеби таа опсесија беше, и тоа сега првпат отворено ќе го кажам – остаток од некој мој претходен живот, од некоја моја претходна инкарнација.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)