„Ми се чини дека фигурата на интелектуалецот беше специфична конструкција во која отсекогаш постоеше еден илузорен момент, од кој никогаш не се ослободивме.“
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Таа е виртуалното место на распадот на критичката мисла, привилегираниот простор на неговата одложена смрт.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Кај Кејџ отсекогаш постоела нагласена одбивност кон сето душевно наметливо, кон сите субјективни преломи на стварноста што ја извртуваат нејзината изворност и ја ставаат во функција на нарцизмот и приватната патологија на оној кој го произведува делото и на оној кој го прима.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)