оттаму (прил.) - си (зам.)

Додека голтав, тој ми кажуваше како едната птица едно утро одлетала и веќе никојпат не се вратила, а другата, од тага, со клунот си ги раскинала градите и оттаму си го откорнала срцето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога од јаболкото ќе останеа само нејадливите делови, брат ми ги ставаше усните на моето чело, за да ја провери температурата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
од секаде ги бркаат домородците, а ако излезеш еднаш, враќање нема, си фрлил камен зад себе, оние што се инаетат ги клукаат со сол, а вода не им даваат, ги полнат со рицинус, со струја и со спици, со киселини и со куршуми, со гол газ на гол мраз им го бришат паметењето, да немаш родно место, да не спаѓаш никаде, склучува договори и со Бугарија и оттаму си ги зема Грците, а Македонците ги брка во Бугарија, секаде ги поттурнуваат, им ја истргуваат земјата од под нозете, на ненадејно ги фаќаат; жените велат: не ни чинат мажите затоа е вака, а никако не си и никако не е; секоја година нов ветер, нова вејавица,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)