Алфред Хичкок Тематот за една од најфасцинантните личности на дваесетиот век, Алфред Хичкок, човекот чие име значи жанр, како што вели Трифо, го почнуваме со славните разговори меѓу, пред сè Хичкок и Трифо, а потоа Хичкок и Питер Богданович (книгата за Хичкок на Трифо не е само една од најзначајните книги за филмската уметност, туку таа во шеесетите години многу придонесе за ширењето на границите на слободата и на она што значи уметност; оттаму таа книга е посебно значајна и за нас, кои на тие културно-историски нивоа, онака глобално, социолошки, сме барем триесетина години назад); во вториот дел на тематот поместени се два „психоаналитички” текста за Хичкок, а најнакрај ви препорачуваме дел од многубројните книги напишани за него и го донесуваме прегледот на сите негови појавувања во сопствените филмови.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Маргиналецот не напаѓа фронтално, затоа што фронт нема; има безброј мали, ситни сцени што симулираат конфликт и чија резултанта е тој огромен, космички, ентрописки (во нас енграмски запишан, врежан ко испарена трага, и оттаму таа страшна воинственост, борба за простор, за нечија свест?!) раскол!?
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)