Влегувам дома и си зборувам со Ѕвездана, а пак сама со себе: - Е, ја испратив Капинка, синко, велам, си отиде Капинка.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Какви зими, такви рими: жена ми и син ми во туѓина китат елов садник и кршат погача за бадник јас пак сам кмишам дома ко во мечкина утроба трома грицкам виртуелен сладник а татковината ни – гурбетчиски расадник.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Гостите се разотидоа. Останавме пак сами.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Сакаше да им се врати, требаше да го стори тоа пак сам.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И Уља си оди дома, јас си одам дома. Пак сама во куќата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)