Тие првенства во секој момент можат, а тоа е секојдневно искуство, да им противречат или да ги загрозат императивите на општото почитување на другиот, но нивното ублажување или негирање исто така би ѝ противречело на секоја етичко-политичка побуда.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Сѐ повеќе зборуваше за пеперутките, за нивните метаморфози од јајце, преку гасеница, па кукла, до пеперутка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
За да одговориме на вашите факти вие треба да ни објасните до каде, имено, се простираат вашите етнографски граници на југ и кои места влегуваат во границите на вашата Стара Србија, зашто според нашите етнографски и географски знаења, фактите, кои вие ги набројувате, повеќе зборуваат во наша корист, т.е. не дека егзархијата ги изнасилува Србите за да го примат бугаризмот туку дека вие и вашата влада го правите тоа со бугарскиот елемент во Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Повеќе зборувам за искуството, збор што едновремено значи траекторија, пат, оглед, и истовремено е посредуван (култура, читање, толкување, општости, правила и сфаќања) и единствен - не велам непосреден (“афект”, јазик, сопственото непреводливо име итн.).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
За Словените повеќе зборуваат од сите други народи, освен Србо-Хрватите и Бугарите, зашто сите други вистина поминаа преку Балканскиот Полуостров, но и си отидоа од него.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
ФИРЕНЦА ВО ФИРЕНЦА СИТЕ ЗБОРУВААТ ЗА МИКЕЛАНЃЕЛО Када и да се свртиш, во Фиренца сите зборуваат за Микеланѓело, многу повеќе отколку за вчерашното коло на италијанското фудбалско првенство.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Зборуваат мажите, ама повеќе зборуваат жените. Помалку зборуваат, повеќе озборуваат.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)