И Ели беше порасната и со неа сѐ повеќе имавме маки и јас и тетка Рајна и татко ми.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Впрочем не е тоа она што е чудно. Такви продавници сѐ повеќе и повеќе има.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
За последните две години, настаните истрчуваа еден пред друг, се разбрануваа, зачудуваа; колку повеќе имаше настани, толку чудење се намалуваше, чиниш, луѓето немаа сила да се чудат како некогаш.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ако се најдеш со него добро ќе биде и за тебе. Тој е појден порано и нешто повеќе има научено. А, е седан и во Влашко, со мајстори, доста години.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Не знам зошто ми се чинеше во последно време дека еден ден не ќе ја најдам таму таа слика и сѐ повеќе имав желба да ја преместам во собата каде што спиевме Ели и јас.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Двете ороспии прво мислеа мајката да се премажи, а ќерката да се омажи, ама се откажаа од тоа од страв дека во ова време повеќе имаат можност сега и на двете мажите да им бидат истерани од работа и да треба да се издржуваат не само себеси, туку и уште двајца здрави-прави бадијалџии.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Умираш симболично
повеќе пати
живееш стократно повеќе
имаш безброј животи
безброј ликови
и сето тоа е - природно
и нормално
и по сето тоа се будиш
наспана преродена
за да можеш да поднесеш
уште неколку стресови
сѐ до следното
паѓање во сон.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)