Тоа, што не го завладеаја Чауле и околните ридови, и што беа погани со народот и со луѓето од началствата, на Србите луто им се одмазди. После, во првата Голема војна.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
На војниците, лошо хранети, лошо облекувани и лошо обуени, во опинци, повеќе им се исплатуваше да останат во населба и како знаат и умеат да доаѓаат до храна, топла облека и покрив над главата, а офицерите, повеќе политичари одошто војници, место да поведат сметка за војската, сѐ преземаа за да ги уништат Началствата, она во Потковицата и од околните села.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
На мажите повеќе им лежеа глаголите, и тоа неповратните, нерефлексивните - со исклучок на „ми се може“, кој и онака тешко може да се вклопи во стандардните речници.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Кога седнав ова да го запишам, во трето време, кога и јас ги имам годините на Караѓоз и Ване Мицо, вам лага, мене вистина, повеќе им верувам на сказните и приказните на моите раскажувачи кои веќе не се меѓу живите, зашто си верувам себеси и на ноќите со крцкавиот снег, и на играта на сенките, и на троглавата змија на амбарите, и на пагурчето со ракија, и на трепнежот на газиената ламба на таванот што ми беше свидетел за она што го слушаа моите уши.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
А патувањето низ животот ми покажа дека на мажите секој првпат им е фрка и дека, од силна желба и фантазирање, додека не си ја обележат територијата, лесно може да им се случи да се спремаат за „романтична“ средба со вино и свеќи, одбрана музика за која им требало истражувачко испипување на Ф Б и опсервирање на пленот, кој, колку повеќе ги одбива или ги држи на дистанца, толку повеќе им ја јакне потребата од докажување, а сето тоа да заврши само како романтична.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Веќе копнееше за човечки збор, за нежна мајчинска грижа, за топлиот светол дом, за училиштето кое сигурно веќе почнало да работи, за другарите кои го чувствуваат неговото отсуство и ги пече неговата неизвесна судбина, но колку повеќе им се предаваше на мислите, колку повеќе се пушташе тие да го водат, толку повеќе го разјадуваше немирот, па стана, иако уморен, се фати за секирата и го почна својот двобој со Јурукот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Но откако зафати војната, на луѓето умот сѐ повеќе им се сврти кон гробиштата; започнаа да ги оградуваат, да ги чистат гробовите од трње, пиреј, капини, глог, змиорики, повит; зафатија да се натпреваруваат луѓето кој подобро и полично ќе го уреди гробот на својот предок, на своите блиски и роднини; започнаа надгробни споменици од најличен камен и мермер да се прават.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Па и со мажите е веројатно слично. Само што на мажите повеќе им прилега рамнодушноста.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Колку повеќе им се доближувам, толку повеќе ми се оддалечуваат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)