„Кога седиш во студена просторија и притоа гледаш оган што е пооддалечен од тебе уште повеќе ти студи“, рече момчето.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Зошто понекогаш езерото се проѕева ширум
божем е бел тигар, бела мечка
се надига како квасец подготвен
за најголемиот леб на светот
(ти викаш светот не е само она кое се гледа
од оваа страна на видиковата линија
и сѐ повеќе ти верувам!)?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ти паѓа жал за човекот, ама повеќе ти е жал за тебе и го испушташ меѓу буките.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)