Беше на извесен начин притаено задоволна, смирена, што најпосле ќе може некому од своите чеда да му ја препушти грижата за библиотеката во домот, каде што веруваше дека во книгите беше задржана татковата душа со која често можеше гласно и да зборува читајќи ги страниците врз кои беше посипана пепелта од цигарите при некогашните таткови занесни читања кога беше најжив, сеприсутен.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Царуваше во библиотеката тишината од татковите книги, тишина која содржеше повеќе вистини.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)