Ја измачуваше мајка си прашувајќи ја одново и одново зошто нема повеќе храна, викаше и ѝ подвикнуваше (се сеќаваше дури и на тоновите на својот глас, кој почнуваше предвреме да мутира и понекогаш ќе грмнеше чудно длабоко), или пак се обидуваше со цимолење да изнуди повеќе отколку што му следуваше.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во споредба со минатата година, сега има повеќе храна, повеќе облека, повеќе куќи, повеќе мебел, повеќе тенџериња, повеќе бензин, повеќе бродови, повеќе хеликоптери, повеќе книги, повеќе бебиња - повеќе сѐ и сешто, освен болести, криминал и лудило.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Дење и ноќе телекраните ти ги напаѓаа ушите со статистики што докажуваа дека луѓето сега имаат повеќе храна, повеќе облека, подобри куќи, подобра рекреација - дека живеат подолго, работат покусо, дека се покрупни, поздрави, посилни, посреќни, поинтелегентни, подобро образовани, отколку луѓето од пред педесет години.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)