повеќе (прил.) - или (сврз.)

Наспроти тоа, кога психичката сексуалност е развиена, таа ја контраинвестира таа автоматска сексуалност, и соматското тело повеќе или помалку успешно се заменува со еротското, како што покажува сета психоневротична патологија.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Возам полека и веќе не барам порамни места од патот зашто секаде е дупка до дупка, локва до локва и не се знае која е подлабока и во која има повеќе или помалку кал.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Само не знаеја децата дали една и иста мравка изнесува повеќе или само едно зрно, бидејќи сите имаа еден „сурат", сите беа облечени во црни алишта и обуени во исти опинци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во тоа време речиси сите реонски раководители, коишто повеќе или помалку биле компромитирани пред властите, се наоѓале во планините.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Заедничките идеали за коишто се бореле, како и истата судбина што ја делеле по турските зандани, придонесувале солидарноста меѓу македонските заточеници, повеќе или помалку да биде редовно присутна.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Како каде. Бев во другите, повеќе или помалку козарски републики.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ни ден повеќе или помалку.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)