повеќе (прил.) - и (чест.)

- Толку знаат, му велам да знаат повеќе и за нив ќе биде подобро. Тие не знаат што да сакаат, велам. Тие никого не сакаат, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не фолираше: се мачеше, беше жив грч и броеше еден, два, три, четири, пет, до илјада и двапати повеќе и пак сонот не можеше да се провлече под рампата на неговата свест.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ти уште непоздравен со децава, тој веќе знаеше повеќе и од тебе.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Но тој беше човек што ја сака уметноста повеќе и од самиот живот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Повеќе и нема за прашување, што се вели, стравот слегол до коски, ама мораш нешто да правиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нивните хумористични емисии понекогаш се слушаа повеќе и од политичките говори.  Не само кадровикот, туку и директорот требаше поначесто да ги зауздува преку уредникот да не претеруваат, да не му наштетуваат на опшеството, да не му поставуваат непотребни сопки во неговиот бесконфликтен напредок.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Како за среќа овците сите се ојагнија, така што другата година имаше повеќе и волна и млеко и сирење.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)