повеќе (прил.) - ни (чест.)

„А тоа не е крушка, туку чашка“, му велам јас, „и не ти турам повеќе ни капка, доста пиеше“, а тој воопшто, како да не ме слуша!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Ти реков: бев љубопитна. Мислам дека не очекував ни повеќе ни помалку“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тоа сосема го скрши. На ѕидот Језекил не можеше да стави повеќе ни една тула.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од денес повеќе ни збор на оваа тема. Книгата останува затворена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Збогум Моцарт, збогум Салиери, нема повеќе милост, но нема повеќе ни предизвик, тоа е решението на модерната наука за нерешливото очајување поради различноста меѓу луѓето. (160) okno.mk | Margina #8-9 [1994] 11
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Заборавиле што е страв, а кога им дојде ноќеска тие му се подадоа да ги зграпчи за гуша, немајќи ништо, со што би му се спротивставиле, така што оној немаше повеќе ни со што да докрепи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не чекам повеќе ни минутка, па тој да е и кралски син. - извергла Рада и замина низ сокакот, оставајќи ја Роска сама со нејзиниот инает. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)