Стегаше грлото, гореше жедта, повремено во камионот низ цепнатинката од пландеката блеснуваше светлина.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Подоцна разбрав дека Спасе Миткин, градежен техничар од Монастир, кој доаѓа повремено во Маказар, му ги подарил.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ако ова се знае, тогаш е јасно зошто една иста личност може да “варира” во стиловите и повремено во неа да постојат повеќе стилови.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Некои подобро фунционираат во почетокот, а некои кон крајот на неделата.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Чувствувајќи како дождот сѐ повеќе го натопува, се пренесе во времето кога ја погребуваа баба му Депа кога исто вака туриваше силен дожд, а тој одеше во погребната поворка фатен за раката од мајка му, дождот му плускаше по главата, по телото, му се лизгаше по кожата и му слегуваше низ нозете во опинците; погледнуваше повремено во баба му во ковчегот што го носеа луѓето на раце: и нејзиното лице дождот го миеше, се лизгаше по него како по восок и ги натопуваше цвеќињата и овошките во сандакот; лееше на попот и му ја гаснеше кадилницата со која штркаше по ковчегот и пееше за покој душа, лееше на луѓето што одеа со наведнати глави.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Поголемиот дел од нив веројатно ќе бидат изненадени од сознанието дека поседуваат посебен комуникационен стил.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)