повремено (прил.) - или (сврз.)

Зигмунд и јас седевме во аголот од собата, повремено или тој или јас станувавме, ја убедувавме Роза да оди да се одмори.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бројот на уметниците кои низ историјата сѐ до денес, повремено или постојано земале вештачки поттикнувачки средства поради стимулирање на креативноста е голем, а нивните искуства се многу значајни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Таа не нѐ слушаше, остануваше да лежи, да го гали и прегрнува мртвото тело, да шепоти нешто неразбирливо, и само по бојата на гласот разбиравме кога ја прашува и кога ја прекорува ќерка си, кога ја моли, а кога ја колне.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)