повторно (прил.) - бев (гл.)

Некои паднаа на оваа „квака“ – по што, по краток временски период откако беа вратени на работа, повторно беа избркани на улица!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Откако наидува на крајно непрофесионален, дрзок и игнорантски однос од претпоставените и откако увидува дека е изманипулирана и практично не постои можност за вонсудско решавање на спорот, таа – заедно со уште десетина работнички 282 кои се најдоа во ист кош, а охрабрени од позитивното искуство на некои работнички од истото трговско друштво, кои уште од порано се одважиле спорот да го решат по судски пат – решаваат, во јули 2009 – та, да поднесат колективна тужба против нивниот довчерашен работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, бидејќи претходно таа веќе беше паднала во немилост на нејзиниот директор – и покрај тоа што на дел од останатите работнички кои беа напуштени по истиот правен основ, им беа исплатени испратнините кои законски им следуваат – тоа, од неразбирливи причини, не беше сторено и во случајот на Триманова!?7 По ова, таа прави обид настанатиот спор спогодбено да се разреши – на трипати, во придружба и на нејзиниот сопруг, се обраќа до сопственикот којшто истовремено е и менаџер на акционерското друштво.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се знае повторно бевме кај нашата Сталинка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не уживав во работата со Клифт, бидејќи беше многу мрачен, а Ен Бакстер повторно беше промашена главна хероина.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сакав главната хероина да биде странкиња, да зборува со странски акцент.” •Како го постигнавте оној светлосен ефект во првата ретроспекција? •Хичкок: „Со успорено дејствие.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Кога ги отвори очите, за нејзина утеха, воденичката повторно беше таму каде што требаше да биде, на своето место, и силата почна да ѝ се враќа во рацете и во нозете.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Нови измени на ваквата обврска следеа веќе по една година, каде повторно беше воведен надоместокот на штета, кога има судска одлука во корист на работникот, но сега судот при утврдувањето на висината на штетата не е должен да ги земе во предвид траењето на работниот однос, возраста, социјалната состојба и обврските за издржување кои ги има работникот (чл. 20 од ЗИДЗРО/фев.13), како што беше претходно утврдено, што секако е на штета на правата и средствата за егзистенција на работникот. 5.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Мислам дека бевме во втората година; повторно беше тоа на часот по физичко.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Седеше и мавташе со нозете, како што го прават тоа малите деца; водата прскаше наоколу; но кога забележа дека сеуште ја гледам како да се збуни, и веројатно токму збунетоста беше причина да посака понешто и да ми објасни.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Остана за момент замислена а потоа повторно беше ведра и задоволна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Најпосле, повторно бев ослободен во затворот на сопствената беда без обврски кон било кого за било што.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ја дочека зората и за помалку од час повторно беше во претсобјето на Пулмолошкото одделение и чекаше да помине визитата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рада повторно беше фатена во тесно.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Повторно беше збунета, помисли: „Како е можно да постојат два толку идентични гласови, освен ако, ако овие две личности не се...“
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И таа, жената негова, поправо тоа што се случи со неа во 1942-та, кога Потковицата повторно беше завојувана од Бугарите, го одреди сиот подоцнежен Тодев живот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ја отворив вратата и повторно бев на Хаваите.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
За среќа, каква среќа, таа не ја доживеа смртта на сина си! Но тоа повторно беа пусти соништа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Фрлањето пикадо повторно беше во полн ек, а купчето луѓе околу шанкот почна да разговара за добивките на лотарија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Трето, исто така во 2000 година, целосно беше укината можноста неисплатениот дел од паричниот надоместок, по барање на неврабо- теното лице, да му се исплати на работодавецот кој ќе го вработи тоа лице на неопределено време (чл. 8, ЗИДЗВОСН/март.00), но во 2004 година оваа можност повторно беше воведена (чл. 14, ЗИДЗВОСН/04).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сепак, во 2008 година повторно беа усвоени слични измени во поглед на пресметувањето на пензиската основа.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Значи, се гледа дека критериумот за добивање испратнина во висина на едномесечна плата повторно беше зголемен – сега, од три на пет години работен стаж, со што дотогаш максималниот износ на можна исплатена сума од осум плати, повторно неосетно, се намали на само шест плати!
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со промените од 2005 година повторно беше укинато едно скалило, овојпат преку утврдување средна вредност од претходни две скалила.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Елена повторно беше испратена службено во градот, каде што се наоѓаше болницата во која се лекуваше Марија.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Повторно беше дојдено времето да се спасува семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Повторно бев и кај Мајкиното прво враќање во родната земја, кога и таа беше скршена длабоко во душата, од нешто за коешто не сакаше да ни зборува до крајот на животот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Повторно беше седнат пред каминот а лицето си го држеше во дланките.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но збунетоста брзо исчезна и нејзиниот поглед повторно беше преполнет со благодарност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Станав и уште пошироко го отворив прозорецот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сервирката повторно беше дојдена со одврзан колан на скутникот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Повторно бев пред дуќанот. Часовникот на жолтата фирма покажуваше пет минути до десет.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
До мене повторно беше кралот Иби.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Некако стигнав до мојата соба. Повторно се упатив кон чешмата. Водата повторно беше врела, преврела.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Градите ѝ беа свиснати; пупките изгледаа собрани од студот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Стомакот изгледаше надуен како да беше полн со галони вода.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ти повторно беше во бикини, завиткана во Навахо ќебето, а јас ги имав навлечено кратките пантолони додека гаќите сѐ уште ми висеа од задниот џеб. Ѝ го испитуваа телото со батериите од кои неговата белина блескаше.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во меѓувреме работата повторно беше мојот лек.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Не го носиш прстенот? – се зачудив. - Дојди да видиш каде сум го ставила – рече таа одушевено.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но, кога се врати, веднаш забележав: на нејзиниот показалец повторно беше стариот нејзин прстен, а мојот го немаше на ниеден прст.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)