Ако повторно се родам Ако повторно дојдам, Со ѕвезда на челото Ќе бидам.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
После една недела тој повторно дојде кај мене.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Кога повторно дојде дома, многу ни значеше помошта од Милја и Нино.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Познаникот повторно дошол кај Павлов и почнал да го моли со солзи да му прости, но наместо да му ги врати парите, му побарал други.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Во средината на VI век провинцијата Македонија Секунда била укината и повторно дошло до повторно обединување на целата територија на Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
По само четири месеци следеа вторите измени во оваа сфера, каде повторно дојде до намалување на забраната за вршење на работа доколку работодавачот не постапи по решението на инспекторот на трудот, но наместо се додека не бидат отстранети утврдените прекршувања, сега забраната трае 15 дена, а доколку и по истекот на забраната, работодавачот не ги отстрани утврдените незаконитости, инспекторот на трудот со времено решение ќе забрани работа на работодавачот во траење од 60 дена.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Уште не го беше преболела тој страшно болен факт, кога истиот тој необичен поштар, нејзе непознат, едно утро повторно дојде кај нив. Со ново известување.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Кога повторно дојде Чана не им завиде што се вовлекле во затворена просторија, туку заедно со големата ќерка, а и со самата Роса, сросаа два одара, поткренати од земјата, ги послаа со веленца и во нив можеа да ја дочекаат следната ноќ.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Во 2005 година повторно дојде до промена на критериумот во овие случаи.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Иако времето за кое се исплатува паричен надоместок веќе беше намалено во 1993 година, во 1997 година повторно дојде до намалување кај повеќе скалила.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Во 2007 година повторно дојде до намалување на овие средства, овој пат, од 10% на 5% (чл. 1, ЗИДЗВИЛ/07).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Кога повторно дојде лекарот да ја види Весна, ѝ рече на мајка ѝ: - Како сте дозволиле да пуши... да го упропастува младиот организам...
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Не мина многу време, Игор Лозински повторно дојде да го посети Татко.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)