Тоа повторно раѓање за кое говори Хундертвасер е можно во неговиот систем на размислување, затоа што, по негово мислење, од изметот се раѓа живот, како што, обратно, „стерилната чистотија е смрт“.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Оној кој го користи хумусниот клозет нема страв од смртта, бидејќи нашето серење овозможува наше повторно раѓање“.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
ТРЕТАТА ЖЕНА: Имам право да истражувам зошто сме дојдени на овој свет, на оваа планета, каква е смислата на нашето раѓање, растење, минување низ најразлични маки и тешкотии, влегување во брак, повторно раѓање на децата кои минуваат низ исто толку маки, учење на разни вештини, желби за осознавање на светот и сѐ со мисла дека утре ќе бидеме среќни, а потоа губење на истите тие способности во староста и на крај умирање, исчезнување.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Преведувањето, повеќе од било кој друг начин или форма, комплементира и реафирмира, обезбедувајќи преживување via едно раѓање, еден процес на повторно раѓање; оттаму и значајноста на преведувањето во деконструктивистичката шема на нешта.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Сам во самица Составен од изохипсите на векот Се молам, Ве молам, ближни мои, Да го заробиме сонот за жешката магма И да сонуваме, да сонуваме Повторно раѓање.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Преведувачкиот процес обезбедува повторно раѓање, регенерација, никнување, “свет растеж” на јазиците воопшто, и, според Дерида, средства со кои се разбираме себеси.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Тоа утро беше негово повторно раѓање.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Доаѓа Богдан до нивата каде што мајка му го роди и легнува на меѓата под грмушката каде што го пуштил првиот глас и го облева чувство како повторно да се раѓа; ги дише тревките и билките околу себе чувствувајќи ги како мирис на мајчино млеко; гледа во сонцето што се провира низ гранките над него и му блеска в очи како тогаш кога се роди, го слуша пеењето на птиците како да го прославуваат неговото повторно раѓање; слуша крај него кркори браздичка со вода како превртена стомна; слуша во далечина ѕвон на стада овци и добиток, милозвучен што ја разнежува душата; зеленилото му ги исполнува очите со спокојство и милина.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)