Сега чувствуваше само задоволство што пополни еден дел од големата празнина, која уште во Виена фати да се отвора во него. Отиде до одајата на децата што спокојно спиеја, ја погали малечката, го покри постариот Ариех, кој - му шепотеше Гита во ноќите на тивка исповед - откако него го однесоа, сонаваше детски кошмари и имаше немирен сон.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Се почувствува побезбеден и што е најважно, се почувствува повторно важен.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)