подготвен (прил.) - ги (зам.)

Но, тие искуства без сомнение се значајни за неговата уметност и живот, се поставија помеѓу него и целосниот физички и ментален крах, клиничка депресија од која навистина страдал извесно време во првата деценија после војната. (Овој крах за него бил, како што признал, вистински - емоционален - крај на војната.) Бојсовата преоку­пираност со топлината и присноста со цел на обновување на телото и духот, со конкретно доживување на “материјалот што дава живот”, датира од времето кога го негувале Татарите и кои ги сметал за своја фамилија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Оваа „секундарна“ блискост никогаш не е толку добра како „примарната“ блискост која човек треба да ја почувствува во детството, но е подобра отколку ништо.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој без секое сомневање ги идеализирал и доста подготвено ги интернализирал, од очајничка потреба, но во емоционален поглед тие навистина биле фамилија, племе, стадо во кое бил повикан да се приклучи.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)