Нови, но скромни алишта од Стојанка ја покриваа нејзината става. Ама по убавината не паѓаше подолу од Бојана.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Имено, таму кај што се вливаше Алинска Река во Бучинско Блато, нешто подолу од утоката, кај врбите на Свето Враче, во најдлабокото, веруваа дека се сокрива некаков ѕвер, за кој кажуваа дека има мали куси и дебели нозе, кој е мрк, то ест по целото тело обраснат со сива мов, жителите на Потковицата и жителите на сите околни села го викаа Кобникот или само Бучалото.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Се јавуваше само пред да започне војна и само додека траеше војната, па според неговото бучење, то ест јачење, луѓето претскажуваа колку долго ќе трае војната и колку крвава ќе биде.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И сепак тој се чувствуваше нешто погоре од чифчиите, подолу од бегот и беше доволен со својата положба, бидејќи и тој можеше да ги псуе чифчиите, да ги кара, па дури и да протепа по некој кога бегот беше отсутен, да не заборават оти се робови — измеќари.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Двете колони тенкови, едната од Лерин преку Псодери, а другата од Костур преку Габреш, се сретнаа на крстосницата подолу од селото Желево и се упатија кон Превалот каде владината пешадија веќе два часа води борба.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Оваа шмизла која се наоѓа на неколку метра подоле од духовната „шмизла“ Мајка Тереза можеби ќе внесе малку забуна кај минувачите, но, сепак, тие знаат за што да се одлучат.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
СЛИКА: ДЕДО МУ АВРАМ Ковчесто лице со испакнати јаболкца, изразито четвртаста вилица, поврзана со горната со еластични мускули, чиниш како отпосле да е додадена, така што при џваќањето му се спушта подолу од вообичаено, но тоа не се забележува од густата брада; забите прошарани со по некој златен заб, како што ги топел прстените и ги преселувал на нив; со нив прегризува сѐ што ќе му притреба: нокт, конец, или да отреши јазол; кога луѓето ќе му заблазнеа на златниот блесок на забите, ќе им речеше: „Кога по смртта ништо не ќе остане од мене, по нив ќе ме препознаете...“
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Жена му ќе го извади шишето што веќе го довеле, што двајцата, што самата, речиси подолу од половина, и ќе испијат по една.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ми текнува како реагирав за една манекенка што одеше со човек од другата вера. Ја опцув и ја направив подолу од пепелница.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Додека младите турски јунаци шетаа пред неговиот дуќан со кренат нос - и да им падне, велеше народот, немаше да се наведнат да си го земат - носејќи на главите од црвена саја-чоја самурови или кожени калпаци, тој се смешкаше, зашто знаеше дека не само што не е подолу од нив, туку и дека нивната напрченост е само несигурна сестра на суетата.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Па неговата фирма е три улици подолу од нашата куќа во Магарево...
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Ја виде, на педесетина чекори, застаната, како дотогаш воопшто да не трчала, како да стоела отсекогаш тука, свртена кон него со грбот, расколебана, послезена подолу од својата посока, за сето време обѕрната.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Од споредниот пат што подолу од свијок ќе се забуца во пролоканата стврднатост на царскиот друм, во неговата груба едноличност, се издвојувала врвица и, несигурно кршкајќи меѓу безимени грмушки со празни зајачки легала, се губела во дабов густеж во чија проредена 'рѓа се таложело мртво спокојство. По таа врвица се тетеравел Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И никој, ни подоцна, многу подоцна, не можел да објасни каква е таа слабост да се чувствуваат намалени и фатени во стапица на несигурност. И со надеж се крстеле.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но тоа нема врска со општиот напредок на земјата (како целата да беше огромен корнишон под стакленик), како што нема врска ни со тоа што на Горда школото не ѝ одеше баш многу (поправо, ни погоре ни подолу од три).
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
А ти наеднаш ги отвораш очите и со онаа твоја детска насмевка велиш дека ти не си јагнето што му ја мати на волкот водата од поточето бидејќи си пиел подолу од него, а водата не се качувала угоре и дека не даваш да бидеш изеден. Умното сине на мајка.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Откако ручаа, Трајанка, единственото девојче што веќе неколку години другаруваше со нив и во ништо не беше подолу од ниедно од децата, го изваде од торбата шишето што утрината случајно го понесе.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Велика се разбудува и носи едно стомне од бодникот меѓу врати. Ја пијам водата и водата уште в уста се вжештува и испарува. Не слегува подолу од устата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)