Не дека веднаш ни стана потопло околу срцето, ама баш фино од него што намина: мерак е за секој јабанџија кога во туѓ свет ќе здогледа познато лице.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Исмаил-ефенди, пак, сомневајќи се дека пред себе има познато лице, не можејќи да поверува дека познатиот “терорист“ од Велес ќе ја има дрската смелост да патува слободно во возовите на султанот, и тоа во својот град Велес, не се осмелил дури да влезе во разговор со него.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Загледуваше наоколу, ама во таа разиграна турканица не виде ниту едно познато лице... ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Отец Симеон бараше во познато лице нешто, брчка или боја, грч некој, што ќе го откриеше сеќавањето на нивниот последен разговор.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Тој тип патување не допушта исклучоци: кога ќе се спрепне од некое познато лице, од познат пејсаж или од некое одгатнување, волшебноста престанува: амнезиската, аскетската, асимптотската привлечност на исчезнувањето подложна им е на емоциите и земската семиологија.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Навистина и мене ми беше познато лицето на оваа жена.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)