- Росана на нашиот Шеф! - велам јас малку поофициелно. - Колку што мене ми е познато на катов друга Росана не постои.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Иако во времето кога го поднесувале извештајот „правните надлежности на АВНОЈ (и на Националноослободителниот комитет) сè уште не се јасно дефинирани“ и „сѐ уште не се зацртани границите меѓу регионалната Влада и централната власт“, тие сметале дека „би требало да се очекува, централната Влада да има неограничена власт, а регионалните влади сѐ уште се ембриони не само по форма туку исто така и во однос на власта. ‘Прашањето за федерацијата’, ќе напише Тито, ‘им е познато на многу наши граѓани единствено како израз –‘федерација’– кој претставува нешто подобро отколку она што беше во стара Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
На многумина уште не им е јасно што фактички значи федерацијата во целина за нашата земја и за различните народи посебно.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тоа име им е општо познато на Македонските Словени и сите со него се именуваат.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)