познато (прил.) - дека (сврз.)

Лили Бранист, француски книжевен критичар Lire, avril, 1997 Кај нас секому е познато дека книжевната дарба не е неспоива со нијвисоката дипломатска функција.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но, сепак се работи овде за едно село, каде што друго презиме Поцо, не е познато дека постоело.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На дланката невидлива срдита птица, а општо е познато дека нема полошо претсказание од срдита птица.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
музиката ти се топи в уво од малку стравче и потем жежее, жеже како тазе чајче додека не ги прежеже здодевните несреќници кои ѓоа пресметуваат колку вистински солзи има во езерцата на градината мохри колку се оддалечува од себе човек кога ќе почне да се враќа во изгубеното детство. општо е познато дека во секое детство има многу неиспилени јајца и има стари зданија престорени во вкочанета историја во детството има и товари јаболка нагризени од боговите под што се подразбираат и некои волнести батки од најблиското соседство а последно што се гледа на хоризонтот на детството е накривената капа на сѐ што било и сѐ што ќе биде.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Така наместо да увезуваме за 1000 евра од УСА, каде што е општо познато дека голем дел од нацијата се дебили, ние би можеле да извезуваме и да постигнеме дури и трговски суфицит.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Бојан не се изненади многу од тоа, зашто му беше познато дека повеќемина колибари чуваат скриени пушки.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
В ред, ако постои голема желба и на обете страни, оној што те одминал можеш и да го престигнеш.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На момчето му е познато дека ја почитував мајка му.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А има завршено и високо духовно училиште.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Затоа и побара да му помогнеме.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А при крајот на сите дилеми Таша, во спомнатиов разговор, го придодаде и овој воопштен заклучок исполнет со многу противречности: "Впрочем зар не е општо познато дека поголем дел од мажите немаат друга цел освен да ти поминат низ животот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој навистина згрешил кога одбил да замине во духовниот свет бидејќи ми е познато дека добил таква понуда кога се возобновуваше нашата црква.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Вам секако Ви е познато дека овде во Софија деновиве се основа Македонско научно-литературно друштво: Вистина, засега околу него се собраа десетина луѓе, но ако не се преземат соодветни чекори и не се протера Крсте Мисирков од Бугарија, тоа за кусо време ќе го опфати грото од македонската бројна емиграција…
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тебе многу добро ти е познато дека твоите заканувања минуваат кај мене како - смешни.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Но таа измислица е толку глупа, и истовремено, гнасна и непристојна, што јас дури сметам дека не е потребно таа да се опровргне пред просветените читатели, на кои, без сомневање, им е познато дека само вештерките, и тоа, мошне малубројни, имаат опашка одзади, а кои, впрочем, повеќе му припаѓаат на женскиот, отколку на машкиот пол.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Така, се прошири гласина дека Иван Никифорович се роди со опашка okno.mk 137 одзади.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Но, таа моќ“, се замешав, „ќе зависи од тоа дали на крадецот му е познато дека ограбениот знае кој е крадец. Кој би се осмелил...“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Е, па тогаш“, се сврти Дипен накај мене, „имате сè што е потребно за да биде моќта целосна – на крадецот му е познато дека ограбениот знае кој е крадец.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Денес се чини дека не бил помалку важен и за Дишан, кој ретко го спомнуваше Жари, иако е познато дека се восхитувал на делото на овој писател. (Еднаш, објаснувајќи збор во еден од неговите наслови, забележа: „Тоа е како Жариевото ‘ха, ха’ ”.) Всушност, Дишан веројатно користел моменти од делата на Жари во некои од своите најкарактеристични слики и мотиви.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Му беше познато дека пајаците, за да се одбранат и да преживеат, плетат околу себе лавиринт пајажина, луѓето создавале околу себе лавиринт граници, со надеж дека така ќе се одделат, ќе се спасат од другиот, ќе преживеат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На Татко му беше познато дека Флобер му се восхитувал на романот Дон Кихот Кихот од Сервантес, што го беше читал во превод на албански од Фан Ноли и оваа книга ја имаше во својата библиотека.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На еден поширок општествено-историски план, од Фројд навака е познато дека ако долго време непријатните факти од стварноста се потиснуваат во потсвеста, тие со стократна сила ќе избијат во свеста која, меѓутоа, нема да биде способна да ги препознае, прифати, и да ги контролира со рационализација.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Со несудениот, полека си оделе и кога дошле до крстосница каде што таа требала да сврти десно за дома, а тој лево, му рекла: Со кој ум сте тргнале по мене, зар не ви е познато дека јас не одам никаде без мојот другар во џебот и го извадила пиштолот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Илјадници години е познато дека постојат димензии на човековата свест, што можат да се истражуваат со јога, со софистички и визионерски средства, најчесто заедно со употребата на психоделични растенија.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И самите си се тешат дека е поарно да сечеш борови Отколку да имаш за јадење само борови шишарки Со време и тие ќе почнат да јадат корнфлекс без шеќер И од пулипапоци ќе станат страствени пулачи На жени со долги нозе и големи цицки Колку повеќе пулеа во такви жени Толку повеќе забораваа во стар крај само недомаќини седат на туѓа софра И никако не можеа да разберат зошто во стар крај Сите сакаат Forster beer а тие тука сал туку пекаат по скопско и се е можно Како што е можно понекогаш да се задоцни со спуштањето на гаќите При празнењето на бешиката и на дебелото црево Што во Македонија и во цел свет се смета за голем резил Тадури и луѓето во американскиот Пентагон За кои е познато дека не се потресуваат многу од физиолошки слабости
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
- Токму затоа, ако те повикаат на разговор, треба да објасниш сè како што се случило.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ми нашепна во доверба дека нему му било познато дека употребата на ременот била применувана од секоја власт; дека ременот со право бил сметан за основно помошно сретство при откривање на вистината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Според зборовите што втасуваа и до нас (а вам ви е познато дека зборовите патуваат) тие талкања низ времињата биле чудесни прошетки на кои целта им била вистината.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Секому му е познато дека во тие години токму во нашата земја беше сместен Пеколот, или барем некој негов дел, третиот, петиот, седмиот, но во секој случај барем еден од неговите девет кругови.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Минатата година, главните грешни јарци се викаа Beavis& Butthead.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се работи за два цртани (анти)јунаци, што во рекордно време станаа главни ѕвезди на MTV.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Иако е познато дека младината уште од педесеттите години наваму учи со музика, работата стана критична токму со глобалното раширување на MTV, што покрај аудитивното, бара и визуелно внимание.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)